Русија нема да ги блокира Gmail и Skype
11 април, 20110

Федералната служба за безбедност на Русија пред неколку дена дала предлог сервисите, Gmail, Hotmail да се блокираат, бидејќи според нивните сознанија биле закана за национална безбедност. “Неконролираното користење на овие сервиси може да претставува сериозна закана за руската безбедност“, изјавиле официјалните лица. Сепак Русија нема да се одлучи да го направи ова, пренесува AFP. Властите го одбиле овој предлог, и дека тоа било лично мислење на службениците и дека тоа нема да се одрази на политиката на владата во врска со развојот на интернетот.
Министерот за комуникации на Русија, Игор Шеголев, потврди подоцна дека не постои намера власта да го ограничи пристапот на овие или слични услуги во Русија.