Русите прават јавни тоалети отпорни на терористи

10 јуни, 20110
ruski-wc-teroristi-498

Последниот терористички напад во Москва, во кој загинаа 37 лица, го направил маж од дваесетина години. Тој во најпрометниот аеродром во Москва влегол во тоалетот и се разнел себе си со експлозив кој бил залепен за неговото тело.

За да се заштитат од бомбашките напади, русите почнале со изградба на јавни тоалети кои треба да се отпорни на терористи. Надворешните ѕидови треба да бидат направени од појак армиран бетон, внатрешноста од челик и појака пластика, а дополнителна мерка на безбедност се автоматските врати и аларм кој се активира доколку некој се задржи во тоалетот повеќе од 30 минути.

Тоалетите ќе бидат наменети за мажи и жени, а температурата никогаш нема да падне под 16 степени целзјусови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *