Весна Змијанац есенва повторно ќе застане на „лудиот камен“. Популарната пејачка ужива во прегратките на нејзиниот избраник Жељко Ристиќ. Двојката се подготвува за свадба и вели дека изјавите на поранешната сопруга на Жељко, Марина, воопшто не ги интересираат!
„Знам дека на многумина им пречи што Весна и јас сме среќни. Бевме со моите деца на одмор во Црна Гора, па потоа кај ќерката на Весна во Атина. Среќни сме, ќе се венчаме и ништо друго не не интересира“, вели Жељко.
Популарната пејачка вели дека воопшто не ја загрижуваат изјавите на Марина, која по медиумите „тресе“ дека Жељко е жиголо, дека е оженет за некоја згодна французинка, дека со Весна е само заради популарност и многу други обвинувања.
„Таа е инфрустрирана жена која нема со кого да комуницира. Измислува секакви глупости бидејќи остана без пари и мисли дека на тој начин може да заработи“, вели Весна и додава дека таа и Жељко често се шегуваат на сметка на ваквите изјави на Марина, за која смета дека е психијатриски случај.
На Весна и Жељко им посакуваме среќен заеднички живот, а на Марина да си најде некоја друга „занимација“, затоа што нејзините обвинувања никој не ги сфаќа сериозно.