Се бара наследник на октоподот Пол

24 јуни, 20110
55066_610x1_f

Октоподот Пол заврши на насловните страници на весниците ширум светот, откако успешно ги предвиде резултатите од седум утакмици на германската репрезентација и кој ќе биде првак на светот на Мундијалот. Пред секоја утакмица пред него биле поставени два сада со храна , претходно замотани во знамињата на спротивничките тимови, а садот од кој Пол јадел се сметал за негов конечен избор.

Поради тоа што видовитиот Пол починал на 26 октомври минатата година, пред женското светско првенство во фудбал ќе се избере негов наследник.

Од осум германски аквариуми со “морски животни” ќе се одбере еден кандидат, кој со истиот метод како Пол ќе ги избере победниците на натпреварите, а оној со најголем број точни одговори ќе биде “крунисан” како негов наследник.

Женското Светско првенство започнува на 26 јуни во Берлин, додека останатите натпревари ќе се играат во осум германски градови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi