Се дрогира и во затворот, исто како кога беше на слобода

12 август, 20110
naslovna-narkomanija

Вистинита приказна на мајка на еден наркоман

Ниш – Кога на син ми му беше изречена казна затвор – јас се радував. Мислев дека таму ќе престане со користење на дрога и дека ние ќе се одмориме од сите непријатности низ кои поминавме овие години. Но, неговиот престој во затворот не уништи, се дрогира исто како и додека беше на слобода, а можеби и повеќе, раскажува една очајна мајка на затвореник од Ниш која побара да остане анонимна.

– Една година во затвор, беше многу потешко да се издржи, од десетте години на слобода, колку што се дрогираше. Бевме пред неколку дена да го посетиме, седевме во просторијата за посета, а тој не можеше ниту да зборува ниту да ја држи главата, бидејќи имаше земено огромна количина на наркотични средства – раскажува мајката, објаснувајќи дека била шокирана од она што го видела.

Таа вели дека нејзиниот син се јавува од затворот еднаш или двапати неделно, барајќи да бидат уплатени 5.000 динари на сметки кои ми ги кажува по телефон.

– Се јавува и кај пријатели и роднини. Нив им кажува за некаков измислен долг и дека мора веднаш да ги врати парите. Јас знам дека се за дрога. Досега, сигурно имаме дадено повеќе од 150.000 динари. Јас повеќе немам пари и не знам што да правам. Се јавив во Министерството за правда да ги молам да преземат мерки за да спречат доставување на наркотични средства во затворот – ја продолжува својата исповед несреќната мајка, која не сакаше дури ни да се спомене градот каде што живеат за да не се загрози безбедноста на нејзиниот син во затворот. Таа вели дека знае десетина родители кои го имаат истиот проблем, па дури и размислуваат да организираат протест пред затворот.

Сепак, од страна на Министерството за правда даваат официјална изјава дека на влезот во српските затвори се прави целосна контрола на посетителите и на пакетите кои сакаат да ги внесат, но притоа е невозможно целосно да се спречи пренесувањето на наркотични средства.

– Непостои затвор, ниту во светот, ниту кај нас за кој со сигурност би можело да се тврди дека не се препродаваат наркотични средства. Сепак, се преземаат сите мерки за пренесувањето да се намали на минимум, но повторно би напоменале дека е многу тешко во целост да се искорени оваа појава – велат од администрацијата на Министерството.

Во српските затвори во 2008 година, во 116 спроведени акции биле запленети 194 грама хероин и кокаин, како и 127 грама хашиш и марихуана при спореведување на 57 акции. Во првите осум месеци од оваа година во затворите во Србија при 52 контроли пронајдени се 158 грама хероин и кокаин и 107 грама марихуана и хашиш при 41 контрола. Алармантен е фактот што две третини од наркотичните средства биле запленети токму во затворот во Ниш.

Во 2008 година во српските затвори, затворска казна отслужувале повеќе од 6.063 регистрирани зависници од дрога, од вкупно 32.904 затвореници. Инаку, според неофицијални информации добиени од родителите на затворениците, еден грам хероин чини 5.000 динари, а таблетки за смирување чинат една кутија “Marlboro”.

Последната пратка на дотур на нова количина на наркотични средства, полицијата во Ниш успеала да ја заплени на почетокот од месецот. Притоа, биле уапсени неколку лица, кои се обидувале да пренесат околу 40 грама хероин. Дрогата била сокриена во кондом кој се наоѓал во џебот на еден од посетителите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi