Тажно! Мајка и керќичка во исто време заболеле од рак

12 август, 20110
kezij

Кезиј Фицџералд (27) од Масачусетс во јануари годинава лекарите и дијагностицирале Хочкин лимфом, и тоа осум месеци како се породила со нејзината ќеркичка Саорис. Во мај Кезиј имала уште еден шок, докторите и кажале дека нејзината ќеркичка исто така заболела од рак.

– Кога лекарите ми рекоа дека сум болна од рак, јас бев шокирана. Ми беше страв од болеста. Но почнав да одам на хемотерапија и решив да ја победам. Втора опција не постои, изјавила Кезиј. Но набргу потоа се разболе и Саорис која има само 15 месеци. Нејзе и беше дијагностициран невробластом, тумор кој најчесто се јавува во детството.

– Не можев да зборувам, само плачев. Седевме заедно и се прегрнувавме едни со други – вели Мајк Фицџералд, таткото на Саорис.

Докторите и кажале на Кезиј дека по хемотерапијата нејзиниот тумор е ослабен, додека Саорис ќе треба да оди на  операција каде ќе и бидат трансплантирани матични клетки.

– Лекарите ни кажаа дека децата реагираат добро на хемотерапија, и се надеваме на најдоброто. Покрај тоа, Саорис е голем борец како мене, изјавила Кезиј.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit