Седум начини како полесно да ослабнете

16 ноември, 20110
Woman Measuring Waist

Кога се држи диета најважно е да бидете упорни. Со малку напор и внимателнос ќе му помогнете на телото да се ослободи од вишокот на килограми и масти. Ви претставуваме седум начини со кои полесно и поефикасно ќе се ослободите од прекумерната тежина.

Течни калории: Избегнувајте пиење на разни видови кафе кое се преполни со калории, шеќери и масти. Каже им “не” и на соковите, безалкохолните пијалоци и другите видови на пијалаци кои се богати со шеќери и калории. Наместо тоа, изберете едноставно турско кафе или еспресо и вода со малку лимон или портокал.

Исклучете го ТВ: Заборавете на далечинскиот управувач и прошетајте се надвор. Седењето пред ТВ има многу негативни последници.Пред ТВ нема да потрошите ниту една калорија, а големи се шансите дека ќе посегнете по штетните грицки и брзата храна.

Започнете ги оброците со супа: Додека сте гладни може да изедете многу повеќе од она што навистина ви е потребно. Затоа, пред оброците јадете бистра сипа, што ќе ве засити и ќе го „пополни“ стомакот, што значи дека ќе изедете помалку.

Скара: Скарата е идеален начин за приготвување на храна. Вие не треба ништо да додавате, оставете ја храната да се пече во сопствените сокови. Најчесто конзумирајте риба и пилешко месо, како и зеленчук приготвен на скара.

Избегнувајте јаглехидрати: Јаглехидратите се ногу голем дел од исхраната на луѓето кои имаат проблем со вишокот на килограми. Затоа, обидете се барем еден ден од неделата да не внесувате јаглехидрати. Наместо јаглехидрати, јадете свеж зеленчук и храна богата со протеини, што ќе го подобри дигестивниот систем.

Свеж здив: Доколку ве фати криза за храна и грици, измијте ги забите и напијте се една чаша вода или чај. Докажано е дека свежиот здив и ментолот ја намалуваат желбата за храна.

Не користете додатоци: Јадете вкусно подготвена храна и избегнувајте калорични додатоци како сосови, преливи… На пример, не ставајте чоколаден прелив и чоколадни трошки врз сладоледот, кој и без тоа е многу вкусен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi