Кантри пејачката LeAnn Rimes признала дека знае зошто го изневерувала својот поранешен сопруг со глумецот Eddie Cibriani. Таа е свесна дека сето тоа не е во ред, но тогаш не знаела како на исправен начин да се носи со целата ситуација и начинот како побезболно да го остави својот сопруг.
Знам дека не постапив исправно, изјавила пејачката LeAnn Rimes за Great American Country.
Се чувствував запоставено и напуштено, целата ситуација околу разводот страшно ме погоди а најмногу ме погоди што целата јавност знаела за се што се случува.
Сега се чувствувам снажо, но во тоа време немав сила и се ми беше збркано, од целата ситуација научив многу, но сепак мислам кога мажите изневеруваат тоа е поприфатливо за јавноста за разлика од жените кога ќе направат таква работа, изјавила LeAnn Rimes.
Пејачката поради Eddie го оставила сопругот со кого е во брак од својата 19 година, а згодниот глумец поради нејзе ја оставил сопругата и двете деца.