Секогаш во мода

8 јуни, 20110
haki1

Иако беше зимски хит, милитари стилот може да го носиме и ова лето. Познат е фактот дека модата се враќа во нов и иновативен стил. Маслинесто зелена, сива и крем боја се секси, софистицирана и заводлива војничка мода. Совршена е за оние тежнеат за нов, поразличен, интересен стил на облекување. Милитари стилот може да биде остар, класичен или женствен.

Класичниот стил нагласува остри кроеви на облеката и машки линии. Овој стил во комбинација со високи потептици остава силен впечаток. Класичниот стил не дозволува кроеви кои го потенцираат женското тело, но половната може да ја нагласите со тенок ремен.

Женствениот стил вклучува карго пантолони, фустани во војнички стил, женствени детали и интересни аксесоари. Женствениот милитари стил овозможува да си играте со аксесоарите како ремени, накит или марами со што ќе покажете женствен стил и ќе ја нагласите силуетата.

Остриот милитари стил подразбира остри кроеви, метални детали како нитни или кожички. Овој стил нагласува самодоверба и здрачи со сексипил. Идеален е за жени кои сакаат да изгледаат малку опасно.

Било кој од војничките стилови  лесно може да ги вклопите во вашиот вообичаен стил на облекување. Ако сакате да бидете во тренд, не заборавајте да носите облека во милитари стил, па дури и на плажа. Маслинесто зелениот костим за капење, кратки панталони и капа ќе биде доволно да изгледате заводливо и тренди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber