Секс совети од познатите

popara26 април, 20111min00
Michael Tighe Archive "Jack Nicholson"

Неколку славни мажи говорат за тоа како да бидете успешни во сексуалниот живот

1. Советува Квентин Тарантино

Мислете позитивно

Без оглед на тоа каква е нејзината надворешност, ниедна девојка не е недостижна. Само е потребно време таа подобро да ме запознае и да и се допаднам. Меѓутоа, бидејќи поголем дел од времето го поминував во видеотеки, воглавно излегував со девојки кои таму ги запознавав.

Промените се неопходни исто како и попладневниот одмор

Оној момент кога го променив работното место и почнав да се состанувам со девојки, приказната доби сосема друг правец. Се чуствував како Елвис кога се запознавав со девојките на црвениот тепих. По филмот “Евтини приказни“ работите излегоа од контрола. Надмоестив за времето што го поминував затворен во видеотеките.

Помага ако сте славна личност

Доволно е да отидам во некој бар во кој никогаш предходно не сум бил и за само неколку минути ќе бидам опкружен со девојки. Ако се појавам во некој стриптиз клуб, голема е веројатноста ноќта да ја поминам со некоја од танчерките.

2.Како да разголиш девојка? Советува Џек Николсон

Жените не се несигурни како мажите

Соберете група на адолесценти и предложете им го следново: “Ајде сите да одиме таму и да се соблечеме голи!“. Сите девојки ќе сакаат да го направат тоа, барем 90% од нив. Меѓутоа, погелемиот дел од мажите ќе бидат ужаснати од оваа идеја. Можеби им е страв бидејќи нивниот пенис ќе биде споредуван со друг.

Не плашете се од старите денови

Факт е дека моето либидо секогаш ги надминува моите способности. Еден мој пријател секогаш вика: “ Еден ден же те прашам за здравјето и ти ужасно ќе кажеш: Готово е, веќе не ми се дига“. Но јас сепак секогаш му велам: “Добро е, се крева.“

Скалило погоре

Човекот понекогаш во кревет легнува по секоја цена, па дури и кога има малку енергија. Треба да се има мера во се. Јас не сум сексуално активен како некогаш, но тоа нема никаква врска со мојата желба или либидо. Поентата е во тоа дека имаш критериуми кои ги поставуваш и зголемуваш. Некогаш можев со насмевка да ги трпам работите кои ги правеше спротивниот пол, само за да можам да и се вовлечам меѓу нозе.

3. Како да дојдеш до девојка? Советува Кид Рок

Направете бенд

Бројот на девојки се зголемува, како што се зголемува бројот на продадени албуми. Ако продадете 50 до 60 илјади копии ти се пуштаат крупни девојки, селанки и други девојки од руралните средини. Но ако продадете милион копии и повеќе над тоа, девојките од секоја средина наеднаш стануваат многу по пријатни.

Преселете се во Америка

Европјаниките немаат “groupie girl” менталитет. Во Америка имате голи девојки во публикта на сите настапи. Факт е дека постојат девојки кои за бекстејџ пропусница би направиле се што ќе им дојде на памет. Кога ќе се појавиш на американската национална телевизија девојките едноставно полудуваат по тебе. Мене тоа ми одговара.

Немојте прерано да се пензионирате

Кога ќе се качам на сцена и ја гледам таа маса од девојки собрани, посакувам да имам десет животи за да можам да бидам со секоја од нив.

4. Што да очекуваате од оргиите? Советува Расел Бренд

Подгответе се

Терминот “оргија“ е неверојатно моќен. Во вашата глава креирате слика од завеси кои се лулаат од ветер, тивка ориентална музика, еден куп убави девојки кои со своите пропорции потсетуваат на грчките божици. Кога ја добив поканата за да учествувам на оргија, едноставно неможев да се двоумам. Веднаш прифатив.

Чукни и влези

Наместо преубав ориентален пејсаж, се најдов во едно лондонско предградие со архитектура од која ти се одложува ерекцијата. Средновечни учесници кои носеа бањарки и крпи околу себе . Целата атмосфера потсетуваше на некој филм од Б продукција.

Не очекувајте премногу

Причината поради која никогаш нема да го заборавам ова искуство е жената на која налетав додека влегував во просторијата. Таа ми кажа: “Ова ми е втора рунда, морам да одам да се избањам.“. Веднаш потоа се појави мајстор за машини за перење, но не како гостин, туку на повик за да ја поправи машината за перење.

5. Како да живеете со повеќе жени истовремено? Советува Чарли Шин

Практикувајте полигамија

Бев во брак и тоа едноставно не функционираше. Сега сум на две места истовремено. Тоа е нешто најдобро и најубаво на светот. Живеам со две девојки и секојдневно водиме љубов, штом отвориме очи. Некои велат дека тоа е страшно, но нам ни се допаѓа.

Заборавете на љубомора

Во нашата куќа се почитуваат  неколку правила. Прво никој да не паничи и  не ја осудува другата личност. Така успеваме да спречиме било каков конфликт и да уживаме во животот. Моите девојки и јас спиеме во иста соба, но во одвоени кревети. Секоја ноќ бирам кај која ќе се протнам под прекривачот.

Оженете се со порно ѕвезда

Ги сакам своите девојки и тие целосно ме исполнуваат. Тие се порно ѕвезди најдобри во својот бизнис. Јас исто така сум најдобар во својата работа и совршено се согласуваме.

Колку е доволно?

Една ноќ се најдов во кревет со пет девојки. Не дека се фалам, но шест лица таа вечер ја напуштија собата со насмевка на лицето. Не заборавајте дека во мене има мешавина од шпанска и ирска крв. Тоа е запалива комбинација.

6.Како да се игра паметно? Советува Џејми Фокс

Жената е како автомобил

Бракот е како да се возиш на преполн автопат. Возиш Мерцедес 190 и ти се допаѓа твојата кола. Го познаваш добро. И тогаш до твојата лента се појавува Бентли и ти велиш: “Ухх, каква лепотица!“. Набргу на другата страна се појавува и Порше, но ти едноставно си осуден во својот Мерцедес 190.

Размисли не брзај

Мислам дека ќе запловам во брачните води, тогаш кога ќе запознаам некој класик како: Шеви од ’57 или Корвета ’67. Тоа мора да биде онаа правата, онаа која ќе ја возам цел живот, но ќе дозволам и таа некогаш да ме повози.

И повторно автомобили

Млад сум, среќно неоженет и тоа ми дозволува да бидам креативен. За мене да се биде самец значи да го држиш воланот со сопствени раце. Кога си во брак, секогаш ќе те вози и некој друг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma