Селин Дион

16 јуни, 20110
Celine Dion

Селин Мари Клодет Дион (родена на 30 март 1968) е канадска пејачка, композитор, глумица и деловна жена. Родена во голема, сиромашна фамилија во Шарлемањ, Квебек, Дион се појавува како тинејџерска ѕвезда во францускиот свет откако нејзиниот менаџер и сопруг Рене Анжелил (Rene Angelil) го стави под хипотека нивниот дом за да ја финансира нејзината прва плоча. Во 1990, таа го издава англискиот албум Unison, докажувајќи се како изводлив поп артист во Северна Америка и другите англиски подрачја во светот.

Дион прв пат се здоби со меѓународно признание во 80-тите со победа на фестивалите Yamaha, World Popular Song Festival и 1988 Eurovision Song Contest. По сериите на француските албуми во раните осумдесетти, таа потпиша договор со CBS Records Canada во 1986. Во деведесетите, со помош на Анжелил, таа достигна светска слава по потпишувањето договор со Epic Records и издаде неколку англиски албуми заедно со додатните француски албуми и со тоа стана една од најуспешните изведувачи во историјата на поп музиката. Меѓутоа, во 1999 на врвот на нејзиниот успех, Дион објави привремено повлекување од шоу-бизнисот за да основа фамилија и да биде со сопругот, на кого му дијагностицирале рак.

Таа се врати на врвот на поп музиката во 2002 и потпиша тригодишен (подоцна продолжен за пет години) договор за вечерна изведба во театарско шоу со пет ѕвезди во Колосеумот на Палатата на Цезар, Лас Вегас.

Музиката на Дион влијаела на другите жанрови од рок до R&B па сè до црковната музика и класичната музика. Додека нејзините изданија добивале различни критики, таа е позната по својот стручно вешт и моќен вокал. Дион е најдобро продаваниот изведувач од Канада на сите времиња; втор најдобро продаван женски изведувач од времето на Nielsen SoundScan , позади Мараја Кери, во САД; а нејзиниот албум D’eux е најдобро продаван албум на француски јазик на сите времиња. По ненадминливите 175 милиони во светските продажби на албуми, таа е наградена со Chopard Diamond Award на World Music Awards за најдобро продавана женски изведувач на сите времиња. Според Сони Мјузик, Дион продала над 200 милиони албуми, ширум светот.

http://www.youtube.com/watch?v=DHyJTpDFgc8

http://www.youtube.com/user/CelineDionTV?blend=6&ob=5

http://www.youtube.com/watch?v=7Jr-2eyRtV4

http://www.youtube.com/watch?v=OglNPNPWvSo

http://www.youtube.com/watch?v=HN37PG10TWw

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber