Пејачката Шерил Кол после една година од разводот со фудбалерот Ешли Кол кој ја изневерувал со неколку девојки, одлучила повторно да му се врати. Пејачката преноќила во вилата на фудбалерот и потоа решила и да остане да живее со него.
Тие зборуваа дека вечерта која ја поминале заедно била посебна. Се присетувале на старите времиња кога до доцните часови играле билијард, пиеле по некоја чашка алкохол и едноставно уживале, изјавил извор близок на парот. Немало никакви напнати моменти помеѓу нив, напротив многу им било пријатно, додал изворот.