Шеширот на принцезата Beatrice достигна цена од 29.000 долари
19 мај, 20110

Фамозниот шешир со кој принцезата Beatrice се појави на кралската венчавка на принцот William и Kate стана планетрано популарен. Таа реши да не го чува во ормарот туку да го даде на аукција, а парите од него да ги намени за потребите на UNICEF.
На само еден ден од неговото нудење на аукцијата тој достигнал неверојатни 29.000 долари. Наддавањето ќе трае до 22 мај. Сите оние кои не може да си приуштат да го купат оригиналот може да го набават во картонска верзија кој се продава за 1,5 долар.