Што можеме да научиме од најдобриот пријател на човекот

12 април, 20110
dogs

Тие можат да ни ги јадат папучите, да пуштаат влакна по гарнитурите, но тие имаат една способност “ да ги добијат нештата без да предизвикаат конфликт“, а тоа е голема лекција за сите нас, пишува во една нова книга.  Книгата насловена “Паметно куче: Животни лекции од најдобриот пријател на човекот“  од авторот Рајан О‘Меара, каде на поинаков начин се укажува како човекот сам да си помогне. Кучето има способност да го препознае човекот кога е лут и секогаш се потрпеливи од луѓето и помалку агресивни, се тврди во книгата. Авторот кој е и дресер на кучиња вели “ кучињата во многу аспекти се способни да го измамат сопственикот и да направат тој да верува во она што тие сакаат да верува, со цел да избегнат било какви проблеми“. Бо книгата г-дин Карнеги пак пишува: “дали некогаш сте се зпарашале дека кучињата се едни од ретките животни кои не треба да работат за да живеат? Кокошката мора да снесува јајца, кравата да дава млеко, канаринецот да пее. Но кучето го живее својот живот правејчи ништо, освен давањето љубов.“  Авторот О‘Меара почнал да истражува зошто кучињата се најсаканите животни на планетата, што ние можеме да научиме од нив, како да го подобриме своето расположение, социјалните вештини и опстанокот, па дури и финансискиот успех.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi