Што пишуваат Хрватските медиуми за “Розевиот” Српски тајкун!:)

12 август, 20110
slika-_original-1308042391-71417

Животот е превртлива к…ва. Денес си, утре не си. Еден куп ѓубре и кич, неговиот живот се претвори во класична сапуница која со години ја промовираше. А беше кул дечко, пишуваат хрватските медиуми.

 

До вчера ги полнеше страниците на жолтиот печат, промовирајки го својот раскошен живот, се објавуваа фотографии од неговата скапа јахта која крстареше по Јадранот, а денес истата го чека својот нов сопственик. Стариот газда си ги гризе ноктите, се заканува со тужби и одмазда на секој Хрват преку својата телевизија Пинк, која во моментот има затворена сметка. И претпоставувате за кого се работи, Жељко Митровиќ, кралот на шундот и кичот, човекот чиј живот се претвори во класична сапуница која со години ја промовираше.

Многумина се присетуваат на Жељко Митровиќ, како басист на бендот Октомври 1864. Оние кои го знаат од тој период, ќе речат дека Жељко не се променил, дека сака да се навраќа на старото друштво, понекогаш сака и да засвири, весел човек со малку мани.

Деведесетите години беа години на разорување. Додека во Хрватска и Босна се водеше војна, во Србија се пееше. Се пееше за да се олеснат тешките мисли, инфлацијата која беснееше и тоталниот колапс на општеството и неговите вредности. Во тоа време се појавува Ж.М. кој врз себе ја превзема одговорноста да понуди забава создавајќи ја телевизијата Пинк.

Разголени девојки, силикони, американски филмови беа програмите кои ги нудеше ТВ Пинк. Информативна програма не постоеше, се додека Ж.М. не влезе во конфликт со Александар Тијаниќ, меѓутоа, благодарејќи на добриот однос со Мира Марковиќ, станува водечки медиски тајкун во Србија. Негова задача беше со помош на телевизијата да ја возвиши духовната вредност на Слободан Милошевиќ.

Многу медиуми, па и Пинк со нетрпение го дочекаа падот на Милошевиќ. Или можеби само така нам ни се причинуваше. Мислевме дека лустрациската метла ќе го измете ѓубрето кое се акумулирало во текот на владеењето на Слободан Милошевиќ. Медиуми, новинари, долга е листата на личности кои продолжија да работат по старите методи и навики и само може да претпоставуваме кој стоеше зад сето тоа.  Мира Марковиќ го одбра токму човекот кој не си ја сака јахтата назад,  туку сака „војна“ со хрватите.

Во едно од своите интервјуа, Небојша Човиќ, заменик на поранешниот премиер на Србија, Џинџиќ, истакнува дека најголема грешка на владата на Џинџиќ е што му дозволила на Ж.М. да остане најмоќниот медиумски тајкун во Србија под паролата „јас сум на ваша страна“.

Жално но вистинито, „новата Србија“ функционираше со помош на истите оние кои ги сервисираа потребите и злосторничката политика на Слободан Милошевиќ. Во тоа време Пинк е и најгледана телевизија во Србија и на тој начин си обезбедува опстанок и кај новата власт. Овие околности го зголемија егото и самоувереноста на Ж.М., истиот оној кој своето богатство го создаде во време на Слободан Милошевиќ, а сега само го инвестираше во нови бизнис зделки.

Ж.М. беше незаситен. Телевизија, издавачка куќа, авиони, камиони, филмски студија, па дури и мастики за џвакање. Почна со ширење на својата империја отварајќи сомнителни телевизии во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија и Македонија. Меѓутоа медиумскиот тајкун не успеа своите бизнис интереси да ги промовира и во Хрватска. Хрватска беше земјата во која Ж.М. и ѕвездите на Пинк во своите „гламурозни јахти“ и силикони се сончаа на Јадранското приморје.

При ширењето на својата империја Ж.М. го изгуби својот компас. Долго време се говореше за проблемите во кои се наоѓа „Розевото Царство“, за неплатени даноци и неплатените  придонеси на вработените, а во исто време Ж.М. лежи во болница во Германија заради труење обвинувајќи ги своите најблиски дека го трујат.

И таман стивна аферата со труењето, на видик нова, во која јахтата на Ж.М. е одземена од страна на хрватските власти и затварањето на сметките на телевизијата.

Според податоците на Народната Банка во Србија Ж.М. должи околу 120.000 евра, а во последните 12 месеци сметката на телевизијата е блокирана 4 пати. Тамошните новинари јавно говорат дека телевизијата не ги исплаќа своите долгови кон вработените. На сите овие обвинувања Ж.М. уште не дава официјален одговор, туку се ориентира кон својата замислена борба со хрватите. Закани фрчат на сите страни, омаловажувања, протерување на се што е хрватско од неговата телевизија и на секој оној кој ќе се спротистави на неговите намери.

Човекот кој има една и неслужбено стои зад две телевизии со национални концесии од вкупно пет во Србија, господар на многу животи и судбини е жално да се занимава со толку ниски работи. Тоа доведува до заклучок дека неговата империја е пред распаѓање. Митровиќ очигледно се наоѓа во огромни финансиски проблеми. Неговата нервоза доведува до разнишување на неговата розева империја. Најамбициозниот регионален проект очигледно не ги дава посакуваните резултати. Розевото царство има огромно фијаско во Словенија, а според неофицијални информации истото се случува и во останатите земји од регионот каде се емитува Пинк Тв.

Реакцијата е крајно нерационална од повеќе причини. Да претпоставиме дека запленувањето на јахтата нема правна основа, неговата реакција е реакција на човек кој го губи тлото под нозете. Иако „Розевата империја“ заедно со РТС имаат повеќе од  60 % од вкупниот рекламен простор во Србија и огромен број на вработени, на Митровиќ му е поинтересно да прави скандали не размислувајќи за животите и иднината на своите вработени и огромниот број на гледачи на Пинк Тв. Наместо да пронајде начини да ја реорганизира и зајакне својата империја бара милион мали начини како да се скара со другите кои не размислуваат како него, пишуваат хрватските медиуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi