Што со Мурињо?

4 мај, 20110
Murinjo

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо не ни присуствуваше на мечот против Барселона на “Камп Ноу”, а по елиминацијата на неговата екипа може само дополнително да го разгоре гонот со приказни за судиската мафија која ја фаворизира каталонската екипа.
По титулите со Порто, Челзи и Интер се чини дека Португалецот ќе остане со “празни раце” во Мадрид. Иако Реал го освои кралскиот Куп, тоа е слаба утеха за елиминацијата од ЛШ и веќе загубената трка во шпанската Примера.
Судбината на Мурињо сега е во рацете на претседателот на Реал, Флорентино Перез, со оглед на фактот дека Мадридѓани не играат најубав, најефикасен и најубоит фудбал во Европа, како што Португалецот ветуваше. Тие дури не играат ни најубав фудбал во Шпанија (кога не се сметаат и Каталонците), а сето тоа и покрај милионите вложени во доведување најскапи играчи.
Сепак, Мурињо и претходно се снаоѓал во вакви ситуации, како тогаш кога во Челзи дојде во недоразбирања со незадоволниот Роман Абрамович. Многумина тогаш веќе го отпишаа, а Мурињо со Интер ја освои тројната круна, Скудетото, италијанскиот Куп и титулата во ЛШ. Овој пат е сигурно дека Мурињо тешко ќе најде излез од незгодната ситуација во која западна, а доколку сепак тоа му појде од рака навистина ќе го потврди својот прекар – “Специјалниот”.
Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi