![stross_kan_sud](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/05/stross_kan_sud-610x269.jpg)
Поранешниот генерален директор на Меѓународниот монетарен фонд , Доминик Штрос-Кан, непосредно пред да се повлече од функцијата во ММФ добил отпремина од оваа организација во висина од 250.000 американски долари и намалена пензија, објави руската новинска агенција Интерфакс.
На Штрос-Кан му се суди за сексуално насилство врз вработена во хотел во Њујорк, а тамошните власти по неколку дена минати во притвор го пуштија да се брани од слобода со кауција од 1 милион долари.
Извор: Нетпрес