Штрос Кан го чека судењето во луксузен стан

26 мај, 20110
stros-kan-2-thumb-large
Судот вчера му одобри на поранешниот шеф на ММФ Доминик Штрос Кан на нова локација, во домашен притвор, да го чека судењето за сексуален напад на хотелската собарка, пишува “Танјуг“, пренесува НетПрес.
Портпаролот на судот рекол дека адвокатите на одбраната и обвинителот, го известиле судијата Мајкл Обус за новата адреса, но на јавноста не и се познати никакви детали за локацијата и времето на преселување на Штрос Кан.
Штрос Кан минатата недела излегол од притвор и бил сместен во стан на Менхетен, недалеку од Волстрит. Неговата сопруга побарала луксузен стан во зграда на источен Менхетен, но станарите се спротивставиле бидејќи не сакаат медиумско внимание.
Новиот дом на Штрос Кан е неодамна реновирана трикатница, која се продава за околу 14 милиони долари, а има тераса на покривот, мала кино сала, фитнес центар, сауна, џакузи.

Штрос Кан е уапсен на 14 мај и е обвинет за сексуален напад на хотелската собарка, недалеку од Тајмс сквер. Заради тој скандал тој поднел оставка на местото извршен директор на ММФ.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *