Сидорф лут на “росонерите”

12 мај, 20110
clarence seedorf

Кларенс Сидорф станува нервозен бидејќи управата на Милан сеуште не сака да му го продолжи договорот. Многу даде за овој клуб, како и за секој во кој играше. Полека го губи трпението, а “росонерите” чекаат да дојде крајот на сезоната, за да ги обноват договорите со старите играчи.

“Таканаречените икони на клубот не траба вака да бидат третирани, туку треба веднаш да се знае ситуацијата. Не сум среќен поради оваа ситуација. Половина од мојата кариера ја поминав тука и мојот однос кон Милан не се промени. Мојата љубов кон клубот не се промени” изјави Холанѓанецот и додаде.

“Бараа трпение до титулата, но пораката сега сигурно е јасна. Имам големо почитување и одличен однос со претседателот Берлускони, но Галијани ги води преговорите околу договорот. Не знам дали останувам во клубот” додаде незадоволниот Сидорф.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi