Ситуации во кои не помага ни вијагра :)

15 ноември, 20110
ni vijagra

Сексот е едно од најголемите задоволства на луѓето. Но понекогаш жените имаат некои чудни навики и идеи и целосно им го уништуваат уживањето на мажите. Па жени, што смеете, а што не кога водите љубов???

Гризење: Уши – може. Брадавици – понекогаш. Пенис – НИКОГАШ!

Секси звуци: Да, стенкањето ги пали мажите. Но немојте да претерувате и да се „дерете“ како некој да ве убива, а не како да доживувате оргазам.

Ритам: Апсолутно најлош начин да се уништи сексот е кога жената нема смисла за ритам. Мрдајте во согласност со неговото тело, затоа што за секс се потребни двајца!

Не зборувајте глупости: Мажите не слушаат додека имаат секс и точка. Немојте да го користите сексот за да барате нешто. Прашањата како “Дали ова значи дека ние сме повторно заедно” или „Се предомисли за нашиот заеднички живот“ едноставно ќе ви останат неодговорени или целосно ќе ви го уништат сексот. Мажите најчесто ќе ви го кажат она што сакате да го чуете, но не се потпирајте на тој одговор затоа што бил кажан во „афект“.

Внимателно со „него“: Жените понекогаш знаат да се занесат до огромен степен, па често со своите потези знаат да го повредат неговиот полов орган. Колку и да сте „запалени“ внимавајте што правите затоа што пенисот е најосетливиот дел од машкото тело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi