Слободното ѕидарство во Македонија

20 јули, 20110
door

Македонското слободно ѕидарство во повеќе наврати успеало да се осамостои. Првите Македонски ложи беа формирани во Солун и во Битола, иако во тој период, поголем дел од Македонските интелектуалци рамноправно и братски функционираа во Големите ложи во Белград и Софија. Борбата за независна Македонска држава претставуваше мотив на Македонските слободни ѕидари. Нивните односи со масонските ложи во Виена, Лондон и Париз, недосмислено имаа единствена цел – Македонија да ја добие својата независност.

Големо-бугарските и големо-српските интереси поткрепени од експанзијата на концептот “Megala Elada“, направија огромни штети како за масонството така и за конечното ослободување на Македонија од надворешните влијанија. Последната шанса Македонското масонство ја гледаше во активната улога на Мустафа Ќемал Ататурк во Младотурската револуција. Неговите релации со големите сили, а особено со Англија, даваа можност Македонија да го зададе последниот “удар“ пред нејзиното ослободување. Меѓутоа, Отоманската имерија се распадна, а Македонија не ја доби својата независност. Веднаш потоа, дел од Македонските масони на чуден и сомнителен начин беа ликвидирани од странските служби, со помош на домашните “квислинзи“. Дел од нив, слободни ѕидари – Македонци, останаа “заштитени“ од своите браќа во Софија, Солун и Белград, но концептот за слободна Македонска држава, пропадна.

Контраверзиите што беа изнесени од страна на комунистите по завршувањето на Втората Светска Војна во Македонија, за искреноста на Македонските дејци и масоните, со сигурност може да се тврди дека беа неточни.

Македонските масони, направија сé што беше во нивна моќ, но за жал, не успеаа да го зададат последниот “удар“, за Македонското осамостојување.

Релациите на нејзините соседи со големите сили, беа далеко по надмоќни.

Едни од најпознатите масони во Македонија од крајот на 19от век до Балканските војни беа:

  • Константин Станишев – (1840 година, роден во Кукуш1900 година, умрел во Русија); Македонски јавен деец и просветител, академик. Во 1859 година заминува да учи во Москва заедно со Рајко Жинзифов, Никола Делииванов, Георги Стаменов и Андреј Стојанов. Образованието го завршува во 1863 година, а во меѓувреме се жени за Марија Владимиров Дал – ќерка на рускиот лингвист и писател Владимир Дал. Константин Станишев беше близок пријател на Константин Миладинов и Рајко Жинзифов. За време на Руско-турската војна од 1877-1878 година Константин Станишев е службеник во царскиот двор на Кнез Дондуков-Корсаков. Подоцна понудена му е министерска функција, но ја одбива, бидејќи не се согласува со одредени измени во уставот на Бугарија, кој недвосмислено ја фалсификувал т.н.  “Бугарска“ историја , а на штета на Македонија и Македонците, затоа решава да се врати назад во Москва. Се враќа во татковината во 1914 година. За време на војната работи на болниците, потоа предава јазици и беше вработен во музеј. Освен во Москва, исто така и во Луганска – родниот град на Владимир Дал, се изградени музеи кои го носат неговото име.

 

  • Христо Ботев – (6 јануари 1848 година – 2 јуни 1876 година); револуционер, писател, борец за ослободување од турското ропство, национален херој. Негови најпознати песни се: „Елегија“, „Зададе се облак темен“, „Обесувањето на Васил Левски“ и „Хаџи Димитар“. Како и во случајот со Протоѓер, македонската историја мора да направи исправки поврзани со неговото дејствување во корист на Слобно Македонската Голема идеа за создавање на Слободна Македонија во нејзините природни граници.

 

Христо Ботев
  • Михајло Пупин – Пупиновски – (4 октомври 1858 година, роден во Извор – 12 март 1935 година, умрел во Њујорк); истакната личност во областа на физиката и електрониката, научник и пронаоѓач, особен придонес има дадено во областа на телекомуникациите, радиотехниката и радиологијата. Професор по физика и математика на Универзитетот Колумбија во САД; го имаше пронајдено системот на повеќекратна фотографија и ги открил секундарните рентгенски зраци. Посмртно доби Пулицеровата награда во 1924 година за својата научна дејност.  За целото времетраење на својот не така краток но плоден живот, Пупин, со голема љубов рецитирал познати македонски песни. Голем љубител и на старите македонски изворни песни.

    Михајло Пупин - Пупиновски
  • Александар Протогер– (23 февруари 1867 година – 7 јуни 1928 година); Родум од Охрид, Протогер  е познат македонски војник  и политичар. Во 1911 година станува член на ВМРО, а извесен период подоцна, станува еден од раководителите на ВМРО. За време на Балканските војни именуван е за помошник на главниот командант на штабот на Македонско-одринскиот доброволен корпус. Во Првата Светска воjна именуван е за командир на Третата пешадиска бригада во составот на Единаесеттата пешадиска македонска дивизија, која се борела во составот на бугарската армиjа. Подоцна е поставен  и како началник на бугарските воjски во Моравско, Србија. Во текот на неговиот животен век има добиено неколку ордени: Орден “За храброст” 3-ти ред; Орден “Свети Александар” 3-ти ред; Орден “За воена заслуга” 3-ти ред. Инаку беше член на Масонската ложа “Светлина“. Контраверзиите направени од Комунистичкиот режим од 1945 година, неправедно го ставија Протогер на листата “сквернавени“ Македонци, како многумина други. Време е тие неправди да се исправат.

    Александар Протогер
  • Дамјан Јованов Груев – (19 јануари 1871 година, роден во Смилево – 23 декември 1906 година, умрел во Русиново); Македонски револуционер, основач и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација. За време на неговите средношколски денови во Солун во периодот 1887/1888 година, учествуваше во големиот бунт на учениците во борба против бугарската пропаганда во Македонија, со барање да се воведе во наставата македонски народен говор. Откако се враќа во Македонија, дава иницијатива за формирање на Учителски сојуз кој што имаше чисти револуционерни идеи, но ваквата иницијатива не беше поддржана. Заедно со Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Андон Димитров, Христо Батанџиев и д-р Христо Татарчев ги поставија основите на Македонската револуционерна организација. Од страна на Османлиските власти беше уапсен во 1900 година поради неговата поврзаност со Попставревата афера, а потоа и осуден на 10 години затвор. Меѓутоа одлежа само 10 месеци, по што почнува активно да го планира кревањето на  Семакедонското востание за конечно ослободување. По Востанието Даме остана во Битолско со народот со цел да работи на консолидирање на Организацијата. Инаку беше дел од Прилепскиот конгрес (во мај 1904); Претседавал на Рилскиот конгрес во 1905; беше избран за член на Централниот комитет. Загина во борба на врвот на Петлец кај Русиново.

    Дамјан Јованов Груев
  • Јане Сандански – (18 мај 1872 година – 10 април 1915 година); истакнат војвода, револуционер и раководител на Македонската револуционерна организација. Во периодот од 1895 до 1897 година беше учесник во Мелничкото востание организирано од Македонскиот комитет; во 1899 година премина во ТМОРО; еден од главните организатори за киднапирањето на мис Елен Стоун. Беше дел од Рилскиот конгрес  во 1905 година и на окружните конгреси во Серскиот округ. Во 1908 година, соработуваше со младотурците и учествуваше во Младотурскиот поход на Цариград. Беше истакнат претставник на Народната федеративна партија но, неколку години подоцна дојде во конфликт со раководството. Поради неговото противење на врховизмот и на бугарската завојувачка политика кон Македонија, беше убиен од заседа од своите идејни противници (Тодор Александров и неговите приврзаници) во Пирин.

    Јане Сандански
  • Кирил Прличев – (1 март 1875 година, роден во Охрид – 9 февруари 1944 година, умрел во Охрид); Македонски револуционер, член и раководител на Македонската револуционерна организација. Син на Григор Прличев великанот на македонската литература. Дел од четата на Дедо Стоју Костов Скрижовски, а за време на неговите студии учествуваше во Мелничкото востание. Именуван е за учител во Воден во 1895 година. Беше дел од Солунскиот конгрес во 1896 година, а во 1901 во Солун го презеде раководењето на Централниот комитет. Учествуваше во Илинденското востание, како војвода во четите раководени од Христо Чернопеев. По расколот во Македонската револуционерна организација се придружи кон Конзеравтивното крило, но продолжи да ја дава неговата поддршка на ВМРО-то раководено од Тодор Александров. Откако е убиен Тодор Александров во 1924 година, повторно започнува активно да учествува во Организацијата. Поради својата десничарска ориентираност во раководните функции во ВМРО, тотално е маргинализиран од македонската историографија во периодот 1945 – 1990 година.

    Кирил Прличев
  • Димитар Влахов – (8 ноември 1878 година, роден во Кукуш – 7 април 1953 година, умрел во Белград); Македонски револуционер, државник, дел од Македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, Народната федеративна партија, ВМРО (Автономистичка), ВМРО (Обединета), како и член на Бугарската комунистичка партија, Комитерната и Комунистичката партија на Југославија; во 1903 година се вклучува во Македонското национално-ослободително движење, а веќе во 1904 година е член на ЦК на ТМОРО и раководител на ТМОРО во Солун. Меѓутоа уапсен е во 1904 година и останува во затвор до 1905 година. По завршувањето на Младотурската револуција, во 1908 година е избран за пратеник во младотурскиот парламент. Голем пријател со Мустафа Кемал Ататурк. Влахов е еден од организаторите на потпишувањето на т.н. Мајски манифест во Виена во 1924 година. Со овој манифест ВМРО се согласува да дејствува заедно со Комунистичките партии од Балканот. Во периодот од 1925 до 1944 година, иако Македонец, Влахов  е член на Бугарската комунистичка партија. Од 1936 до 1944 година се преселува да живее во СССР. На Второто заседание на АСНОМ во декември 1944 година е избран за потпретседател, а потоа е избран и за потпретседател на Президиумот на Сојузното собрание на ФНРЈ. Исто така, член е на југословенската делегација на Париската мировна конференција во 1946 година.

    Димитар Влахов
  • Симеон Радев – (19 јануари 1879 година, роден во Ресен – 15 февруари 1967 година, умрел во Софија); историчар и дипломат, македонски новинар до 1903 година; подоцна познат бугарски публицист. За време на неговите студии во Женева имаше блиски релации со ЦК на ТМОРО, а беше приврзаник на Борис Сарафов; во тој период го издава весникот “L’ Effort” (1900-1901 година), а откако ги завршува студиите, го редактира весникот „Mouvement Macedonien” (Македонско движење) (1902-1903 година), во Париз. Инаку автор е на една од историите на Третата бугарска држава – „Градители на современа Бугарија“.

    Симеон Радев
  • Мустафа Ќемал Ататурк– (1881 година – 10 ноември 1938 година); Евреин по националност, Ќемал беше истакнат турски воен офицер, државник, револуционер, основач на Турската Република, како и прв претседател на Република Турција. Откако Отоманската Империја доживеа пораз тој станува предводник на турското национално движење во Турската војна за независност. Со неговата мудра и успешна стратегија ги предводеше битките кои доведоа до ослободување на државата и основање на Турција. Откако е поставен за Претседател, Кемал Ататурк реализирал значајни економски, политички, културни и социјални реформи во државата. Успешно ја трансформираше старата Отоманска Империја во современа демократска и секуларна држава. Промените што ги реализираше Ататурк се наречени со еден заеднички термин – кемализам. Претседателскиот мандат му беше во периодот од 1923 до 1938 година. Инаку, член на Италијанската ложа “Macedonia Resorta e Veritus“.

    Мустафа Ќемал Ататурк

Од времето на Македонската младинска тајна револуционерна организација (ММТРО) до денешен ден, Македонското масонство даде огромен печат во создавањето на слободна Македонска држава.

Продолжува…читајте www.popara.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *