Со правилна исхрана против алергиите

Сè повеќе луѓе се жалат на проблеми со алергија на полен, иако до сега никогаш немале проблеми со тоа. Прашината во домот исто така е причина за појава на алергија од ваков тип. Овие луѓе се борат со алергијата на секој можен начин. Исхраната е една од начините со кои може да и се спротиставите на алергијата.
Симптомите на алергијата се многу слични како оние на настинка. Кивање, солзење на очите, затнат нос… Но овој пат причинители не се бактериите и вирусите туку поленот.
За да си помогнете потребно е да внимавате и на исхраната. Лукот и кромидот одлично се справуваат со алергиите од овој тип. Треба да се внесуваат во големи количини.
Копривата. Таа е на листата на борци против алергиите. Освен листовите, може да се користи и коренот. Камилицата исто така смирува.
Рен. Иако е многу лут, тој е одличен лек против алергиите. По една лажичка на ден е доволно за да им се спротиставите на алергиите.