Најдобрите македонски ракометари на најдобар можен начин го потврдија пласманот на Европското првенство, кое во јануари 2012. година во Србија. Вечерва со победа над БиХ во последниот меч од групната фаза од квалификациите со 25:19, нашите репрезентативци го освоија второто место кое не носи во Ниш, каде најверојатно ќе ги играме средбите од групата на ЕП.
Откако нешто порано денеска, Унгарија ја победи селекцијата на Естонија со 34:27 стана јасно дека дуелот на машката ракометна репрезентација на Македонија со БиХ нема резултатско значење. Сепак, нашите ракометари пред полната арена „Борис Трајковски“ со победа го потврдија пласманот на Континенталниот собир.
Најпрецизен во нашиот табор во победата над БиХ, како по обичај беше Кире Лазаров со 6 постигнати погодоци, по 4 додадоа Мојсовски, Ф. Лазаров и С. Стоилов. Меѓу Босанците најефикасен беше Стојановиќ со 6 гола.