Со вежби до подобар секс

28 октомври, 20110
vezbi za seks

Начинот на исхрана и физичката активност значително влијаат врз здравјето на луѓето, па со тоа и врз нивниот сексулен живот. Доколку сакате да бидете полни со енергија за време на сексот, време е да ги „засукате“ ракавите и да повежбате малку:

Јога: Јогата навистина може да го подобри вашиот сексуален живот. Со јогата, правилното дишење и оптимизација на можностите на вашите мускули, можете прилично да експериментирате со позите во сексот.

Тегови: Дигањето тегови влијае позитивно на потенцијата кај мажите бидејќи директно влијае на производството на тестостерон којшто е основа за силната ерекција. Склекови и стомачни вежби се исто така совршени за појачување на нивото на тестостерон. За жените дигањето на тегови придонесува до поголема издржливост и значително поцврсто тело.

Аеробик: Аеробикот и пилатесот ќе ви ја подобрат кондицијата со што значително ќе ви го подобрат сексуалниот живот. Освен тоа ќе придонесат за поцврсто тело и поголема еластичност, што ќе се одрази на квалитетот на сексот.

Пливање: Пливањето ги активира апсолутно сите мускули на нашето тело. Триесет минути, три пати неделно во голема мера ќе ја намали и евентуалната прекумерна тежина и ќе ги зајакне мускулите на вашето тело што ќе резултира во подобар секс.

 

Пешачење: Пешачењето, а особено брзото одење согорува многу калории што ќе ве одржи слаби и во форма. Брзото одење исто така го поттикнува лачењето на ендорфин којшто ве прави среќни и задоволни, а тоа ќе допринесе за подобар и поквалитетен сексуален живот.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi