Собранието се самораспушти, избори во Јуни

15 април, 20110
1

Собранието на Република Македонија на 149 седница ја изгласа Одлуката за самораспуштање, со што заврши мандатот на досегашниот пратенички состав и се отвори можност за распишување предвремени парламентрани избори.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска треба да ги распиште предвремените парламентарни изботи кои треба да се одржат во Јуни.
Изборниот законик предвидува избори да се одржат во рок од 60 дена по распуштањето на Парламентот.
За Одлуката за распуштање на законодавниот дом, што ја предложи претседателот на Собранието Трајко Вељаноски со поддршка од 79 парламентарци, гласаа 79 пратеници, а немаше против, ниту воздржани.
На седницата покрај парламентраното мнозинство, присуствуваа и пратениците на опозициските ЛДП, ДПА, НД, но не и на СДСМ, НСДП и ЛП.
Досегашниот, беше шести парламентарен состав од осамостојувањето на Република Македонија, а беше избран исто така на предвремени парламентарни избори на 1 Јуни 2008 година.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi