Сомнежите се остварија: Најдени пропусти во “Фукушима“

19 јуни, 20110
0
Надлежните регулатори на нуклеарна технологија во Јапонија не ги испитале и одобриле мерките за заштита од цунами за електраната “Фукушима“,  донесени по 2002 година кои се покажале нерелевантни да спречат катастрофа каква што се случи пред три месеци, оцениле Обединетите Нации.
Во деталната проценка на стручниот совет на Меѓународната агенција за атомска енергија – ИАЕА, на првата надворешна анализа на јапонската нуклеарна криза, се сугерира постоење на неколку пропусти пред и по оштетувањето на електраната. Но, исто така, пофален е начинот на кој што работниците на терен ја решавале ситуацијата во “Фукушима“, откако земјотресот и цунамито од 11 март ги оштетија реакторите и предизвикаа најголема светска нуклеарна катастрофа во последните 25 години.
Во резимето, објавено по завршувањето на инспекциската мисија на 18-члениот тим во Јапонија од 24 мај до втори јуни, се вели дека државата ја потценила заканата од цунами за електраната “Фукушима“ и се бара широка измена на регулаторниот систем во Јапонија.
Властите во Јапонија, претходно беа критикувани затоа што не подготвиле план за цунами и покрај заканата од таков инцидент.
Во електраната, како резултат на проценките од 2002 година се спроведени дополнителни безбедносни мерки, но тие не биле доволни за високото цунами.
“Покрај тоа, тие дополнителни мерки не биле испитани и одобрени од регулаторните власти“,  стои во извештајот на ОН, и се додава дека “мерките, во случај на сериозен инцидент, не биле релевантни за околностите какви што настанаа во “Фукушима“.
Документот, кој го добила агенцијата “Ројтерс“, во петокот е предаден на членките на ИАЕА, но сеуште не е објавен.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber