Споменикот “Воин на коњ“ е составен

19 јуни, 20110
aleksandar-ploshtad-Copy
Елементите од споменикот “Воин на коњ“ поставен на плоштадот “Македонија“ се составени.
Монтажата на споменикот на Александар Македонски започна во вторникот, а во наредните денови истиот ќе биде поставен на постаментот со што ќе го добие целосниот лик.
Споменикот е висок 12 метри а ќе биде поставен на постамент висок околу 10 метри. Истиот е изработен во леарницата “Фернандо Маринели“ во Италија, со идејно решение на Валентина Стевановска.
Вкупната сума потребна за изградба на споменикот на Александар Македонски изнесува 5, 3 милиони евра. Споменикот ќе се постави во средината на мермерната фонтана за која се дадени 4, 1 милион евра, а целиот проект чини 9, 4 милиони евра.
Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi