Претседателот на Владата Никола Груевски денеска во Брисел ќе се сретне со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Нивната средба е предвидена да се одржи во рамки на Самитот на Европската народна партија.
Еврокомесарот Филе неодамна порача дека по добро спроведените избори, гледа можност сите напори да се фокусираат кон решавање на прашањето со името.
“Има едно отворено прашање – името кое треба да се реши. По добро спроведените избори гледам можност сите напори да се фокусираат кон решевање на ова прашање и со тоа да им се овозможи на земјите-членки на ЕУ да ја ефектуираат препораката на ЕК за почеток на преговори и се надевам дека по изборите реформскиот процес во ПЈР Македонија ќе се забрза“, изјави Филе во Брисел.
Извор: Нетпрес