Судот и’ пресуди на Цеца

6 јуни, 20110
svetlana-raznatovic-ceca-2011-5-9-8-2-9
Судот во Белград донесе пресуда со која во склад со договорот околу признавање на вината, фолк пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ и нејзината сестра Лидија Осокољиќ се прогласени за виновни и осудени на една година, односно шест месеци домашен притвор и милион и половина евра парична казна.
Пресудата е правосилна бидејќи сестрите и обвинителството, со кои бил склучен договор, се одрекле од правото на жалба.
Сестрите во текот на отслужување на казната, која би можела да започне во наредните неколку дена, ќе мора да носат електронски алки околу ногата, преку кои Управата за извршување на кривични санкции ќе го следи нивното движење за да не може да ја напуштат земјата без посебно одобрение од судот.
Според договорот, Цеца признала дека противправно присвоила пари од трансфер на десет фудбалери од фудбалскиот клуб “Обилиќ“ во странски клубови и без дозвола држела 11 пиштоли, во замена за една година домашен притвор и милион и пол евра парична казна.
Лидија Осокојчиќ се договорила со обвинителството признала дека помогнала на својата сестра во малверзација со фудбалскиот трансфер.
По осум години истрага, која во повеќе наврати била проширувана, освен Цеца со обвинението биле опфатени и нејзината сестра и некогашниот раководител на клубот “Обилиќ“ Драгиша Биниќ и Јован Димитриевиќ заради продажба на еден играч.
Фолк пејачката ќе мора да го напушти домашниот притвор заради судење за насилно однесување на 19 јули пред основниот суд во Белград.
Ражњатовиќ на обвинителна клупа овој пат ќе седне заедно со нејзиниот зет Предраг Оцокољиќ.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber