Сумо местенки во Јапонија

Три сумо борачи денеска признаа дека правеле местења не некои мечеви во Јапонија, а скандалот се очекува да порасне во голем, јави Гардијан. Тоа е секако национален спорт, изјавил премиерот на Јапонија Наото Кан, и доколку натпреварите биле местени, тоа би било сериозно предавство на народот. Полицијата ги пронашла инкриминирачките смс пораки во телфоните на неколку борачи, за време на истрага поврзана со коцкање. Сега дополнително ќе се истражува дали истите од местените борби заработувале пари. Содржината на пораките покажала дека борачите ги уредувале резултатите, па дури и потезите кои ќе бидат користени во текот на сумо борбите. И покрај тоа што ова претставува национален срам за државата и националниот спорт, не се знае дали полицијата ќе превземе соодветни дејствија, бидејќи местењето натпревари не е незаконско во Јапонија.