Сузан Мубарак и’ го отстапи на државата своето лично богатство

17 мај, 20110
getImageThumbnail.axd
Сузан Мубарак, сопругата на паднатиот од власт египетски претседател Хосни Мубарак, и’ ги отстапи на државата своите банкарски сметки и целиот имот кој го поседува, објави “Асошиејтед Прес“, повикувајќи се на инфромација на египетската државна новинска агенција, пренесува Нетпрес.
Личното богатство на поранешната прва дама на Египет изнесува околу 3 милиони американски долари.
Претставник на владата на Египет, вчера, пак, изјави дека истражните дејствија против неа сеуште не се запрени, иако можно е да биде повторно разгледуваана наредбата за нејзино приведување, по спогодбата за отстапување на нејзиното лично богатство на државата.
Моментно, седумдесетгодишната Сузан Мубарак е во болница, каде е и нејзиниот осумдесет и тригодишен сопруг.  На 13 мај, годинава, египетските власти одлучија да и одредат 15-дневенпритвор во рамки на истрагата за корупција. Во момент додека беше сослушувана таа и додека и’ била соопштувана наредбата за притворање таа доживеа срцев удар, по што веднаш била одвезена во болница. Нејзиниот сопруг, пак, ее во болница од 12 април, годинаваоткако имаше срцев удар исто така на распит. Против двајцата се води истрага за корупција и за злоупотреба на власта.
Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi