Според убедувања на фармацевтски компании, меѓу жените и денес владее верувањето дека контрацепциските таблени носат дополнителни колограми. Шветските научници уште еднаш го истражуваа овој феномен и утврдиле дека таблетите не дебелеат.
Истражувањето вклучувало 1.749 лица родени во 1962, 1972 и 1982 година. Овие лица на секои пет години пополнувале анкетен лист со прашања за контрацепција, бременост, тежина, висина и навиките поврзани со пушењето.
Жените кои користат контрацептивни таблети и кои се посматрани од тинејцерките години, па се до 34 години не се здебелиле повеќе од жените кои никогаш не ги пиеле овие таблети.
Постојат многу причини зошто жените ги избегнуваат таблетите, а меѓу нив се и стравовите од несакани ефекти, зголемување на телесната тежина и промени во расположението. Сепак, покрај сите овие грижи поврзани со вишокот на килограми, научниците не пронашле накаква поврзаност на таблетите за контрацепција со зголемување на тажината. Единствените фактори кои влијаат на телесната тежина се стареењето и пушењето.
Целта на ова истражување е да се подобри запознавањето со корисната страна на таблетите и намалувањето на ризикот од несакана бременост.