Тајниот живот на Агата Кристи во археологијата

14 март, 20110
600full-agatha-christie

Една од најпознатите авторки на крими романи, поминала 20 години со својот сопруг во егзотични ископувања низ светот. Сите ја препознаваат по мистериите кои таа ги пишуваше, но малкумина знаат за нејзиниот живот како археолог. Писателката беше мажена за еден успешен археолог Макс Малован, и поминале две децении заедно во ископувања во светот, кои можеби често биле инспирација за да се преточат во нејзините романи. CNN објави статија за малку познатиот живот на писателката, како и за 3000 години стар артефакт слонова коска, која била пронајдена од сопругот на Кристи, а истата ја чистела самата. Артефактот денеска е  поставен во Британскиот музеј во Лондон. Агата Кристи присуствувала на многу ископувања и најчесто ги чистела пронајдените артефакти со својата крема за лице, таа самата често ги финансирала експедициите на сопругот. Агата која била 15 години постара од својот сопруг, сите мислеле дека е малку како карактерот на госпоѓа Марпл, дека е по плетењето и уредувањето на градината, но таа имала неверојатно фасцинантен живот, покрај тоа што била писателка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi