Тевез оди во Челзи?

popara1 мај, 20111min00
Carlos-Tevez

Според најновите ”инсајдерски” информации од Лондон, Челзи планира во своите редови да го доведе Карлос Тевез!

Медиумите на Островот велат дека Роман Абрамович подготвува 40 милиони фунти за итроногиот напаѓач, што би довело до “тандем од соништата” во редовите на “сините” следната сезона.

Сити сака да го задржи својот капитен и еден од најдобрите фудбалери, но тешко дека ќе успее да ја оствари таквата своја идеја, бидејќи Аргентинецот повеќе пати сезонава се пожали на животот во Манчестер, па дури и побара да биде продаден. Од друга страна, и менаџерот на Сити, Роберто Манчини изјавил дека не сака незадоволни играчи во екипата и дека ако некој сака да замине тој нема да му стои на патот.

Самиот Тевез не би имал ништо против да остане во Премиер лигата, а Манчестер Сити најавува големи засилувања ова лето, па би можеле паметно да ги вложат парите од продажбата на незадоволниот играч.

Извор: Спортнет

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma