Тежок грчки навивачки инцидент против Македонците во Австралија

popara3 мај, 20111min00
grcija-incident-3-golema

Грчка навивачка група на теренот на македонскиот фудбалски клуб од Мелбурн “Алтона Вардар“ ископала десет гробови, ја бојадисала таблата за резултати, рекламите на спонзорите, стативите од головите и соблекувалните, а испишани биле и графити на ѕидовите.  Според напишаното на графитите, тоа го направила навивачка група од редовите на грчките иселеници, но се уште нема официјална потврда од полицијата. Изгорено било и македонското знаме, а на центарот на игралиштето било нацртано и грчкото знаме и нацистичката свастика.

Македонската заедница во Австралија е шокирана, а уште повеќе и фудбалерите, управата и навивачите на македонскиот фудбалски клуб.

“Сторителите не се познати, но чинот сам по себе е гнасен и застрашувачки“, изјавиле од Управата на Клубот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag