Тежок грчки навивачки инцидент против Македонците во Австралија

Грчка навивачка група на теренот на македонскиот фудбалски клуб од Мелбурн “Алтона Вардар“ ископала десет гробови, ја бојадисала таблата за резултати, рекламите на спонзорите, стативите од головите и соблекувалните, а испишани биле и графити на ѕидовите. Според напишаното на графитите, тоа го направила навивачка група од редовите на грчките иселеници, но се уште нема официјална потврда од полицијата. Изгорено било и македонското знаме, а на центарот на игралиштето било нацртано и грчкото знаме и нацистичката свастика.
Македонската заедница во Австралија е шокирана, а уште повеќе и фудбалерите, управата и навивачите на македонскиот фудбалски клуб.
“Сторителите не се познати, но чинот сам по себе е гнасен и застрашувачки“, изјавиле од Управата на Клубот.