Тинејџерка висока 208 сантиметри

13 април, 20110
tinejdzerka-208-2

Деветнаесет годишната Мали Дуангди од Тајланд, која во Гинисовата книга на рекорди во 2009 година прогласена за највисока тинејџерка во светот, во меѓувреме пораснала до н еверојатни 208,3 сантиметри и продолжува да се извишува. Нејзините родители велат дека уште од мала возраст таа се разликувала од другите деца, а мајката ја одвела на доктор Мали кога таа имала 9 години. На Мали и бил дијагностициран тумор на хипофизата, поради кое прекумерно се лачел хормонот за раст. Често пати во школо децата ја задевале дека таа е џин. “ Се чуствував како чудовиште, децата ме навредуваа. Веднаш штом го завршив училиштето почнав да се чуствувам малку подобро со самата себе“, изјавила Мали, која поради туморот започнала постепено да гоп губи и видот. На несреќната девојка два пати и правеле неуспешни операции, а единствена надеж за намалување на туморот е лек кој чини 2000 долари. Исто така, таа треба да прима инекции на секој три месеци, но нејзините родители неможат да ги платат сите овие лекарства. Мали признала дека и самото движење и е тешко бидејќи има 130 килограми. Едноставно таа се има помирено со тоа дека нема да има иста иднина како повеќето девојки. “Никогаш не сум имала момче, мислам дека никогаш нема да се омажам, бракот е невозможен за некој како мене“, изјавила несреќната девојка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *