Американскиот актер Том Хенкс е во преговори за улогата на претседателот на САД во акциониот филм “Patriot Down”, објавил весникот Варајети.
Во филмот се зборува за американскиот претседател кој мора сам да се снаоѓа во Авганистан по соборувањето на претседателскиот авион.
Јунакот на филмот “The Da Vinci Code” во моментов снима комедија за телевизија HBO по името “Players”.