Топ 10 најлуди модерни диктатори

27 август, 20110

10. Николае Цеаусеску

Николае Цеаусеску бил Генерален секретар на Комунистичката партија на Романија од 1965 до 1989. Тој направил жезло за самиот себеси, и се нарекол себеси „Генијот на Карпатите”. Тој очигледно не бил скромен човек. Тој барал неговата жена, која била скоро неписмена, да биде дел од Њујоршката академија на науки и на Ројалниот институт за хемија, и сите научници во Романија морале да го вклучат нејзиното име во нивните истражувања. Тој тврдел дека неговиот син, Нику, издал неколку изданија за нуклеарна физика. Тој изградил палата толку голема да денешниот романски Парламент користи само 30% од неа. Тој го доживеа својот крај, кога тој и неговата жена беа поразени и егзекуирани од револуционерите.

9. Рафаел Трухило

Рафаел Трухило бил диктатор на Доминиканската Република од 1930 до 1938 и уште еднаш од 1942 до 1952. Трухило беше еден од многуте диктатори кои мислеа дека се Господ. Тој нареди сите цркви да стават знак кој гласел, „Господ во рајот, Трухило на земјата.” Тој организирал настан вреден 30 милиони долари нарече „Саем на мирот и заедница на слободниот свет”, каде својата ќерка ја прогласил за кралица. Тој го поставил неговиот 3 годишен син како полковник. Тој ургирал неговата жена да биде наградена со Нобеловата награда за литература, иако таа била неписмена. Тој направил закон кој барал на сите регистрации на колите да пишува „да живее Трухило”, и на крајот конечно го промовирал неговиот син (кој сеуште бил млад) во генерал. Тој бил убиен во 1961, од група од 11 луѓе, и неговата фамилија беше присилена да ја напушти Доминиканската Република.

8. Иди Амин Дада

Иди Амин Дада бил диктатор на Уганда од 1971 до 1979. Амин наводно ги јадел противниците на неговиот режим, или ги давал како храна на неговите крокодили. Дел од насловите за него беа „Освојувач на Британската Империја”, „ Претседател за цел живот”, и др. Тој ги исфрли сите Азијати од Уганда бидејќи ќерка од важна Азиска фамилија одби да се омажи за него. Тој исто така тврдеше дека е Крал на Шкотска, и наводно пишувал љубовни писма до кралицата Елизабета. Тој живеел во Либија по крајот на неговиот режим, па потоа во Саудиска Арабија, каде умрел во 2003.

7. Муамар Гадафи

Муамар Гадафи е диктатор на Либија. Гадафи дојде на власт со револуцијата од 1969, и сеуште владее. Откако три години бил премиер, тој го сменил името на функцијата на „Братски водач и управувач на револуцијата”. Сите негови телохранители се жени кои се девици, и тој тврди дека либија е водена преку директна демократија. Тој го има можеби најчудниот моден стил, на пр. еднаш носел традиционален Исламски фустан со наочари. Тој го обвини Осама Бин Ладен и дрогата за Либиската Граѓанска Војна во 2011, и уште еднаш тврдеше дека го победил САД. Тој ги избркал сите италијанци од Либија како одмазда за колоницацијата на Либија за време на втората светска војна. Тој еднаш држеше говор во Италија, само на жени, затоа зошто Европа треба да му плати 5 милијарди долари. Тој исто така ја мрази Швајцарија, и напиша ОН резолуција на тоа зошто Швајцарија треба да биде исфрлена од истата. Исто така, што се однесува до неговата поврзаност со ОН, тој еднаш држеше говор 2 часа, во кој тој ја искажа подршката за Сомалиските пирати. Тој тврдеше дека Израел е виновен за атентатот на Џ.Ф. Кенеди (Како да не), и еднаш го нараче Барак Обама „сине”. На него му беше дозволен само 10 минутен говор.

6. Јахија Јамех

Јахија Јамех беше диктатор на Гамбија од 1994, и од тогаш тој има мистични моќи. Гамбија спонзорира доктори за вештерки, кои киднапирале околу 1000 Гамбијци за кои сметале дека се вештерки. Тој има тенденција да има политика „постриктна од таа во Иран”. Неговото официјално име гласи „ Возвишениот шеик професор Алхаи Абдул- Азис Јемус Јункунг Јамех Насиру Ден”. Тој тврди дека го открил лекот за сидата. Исто така, тврди дека Гамбија порано била најголема држава во Африка. Тој изјавил- „оваа држава е една од најстарите и најголемите држави во Африка која била намалена поради Велика Британија, која продала дел од нашата земја на Французите.”

5. Франциско Мацијас Нгуема

Франциско Мација Нгуема бил претседател на Екваторијална Гвинеја од 1968 до 1979, неговото владеење завршило откако бил симнат од престолот од неговиот внук, Теодоро Обианг Нгуема, кој е сегашниот диктатор на Екваторијална Гвинеја. Нгуема (вујкот) ги затворил болниците и отворил места за докторите за вештерки. Тој го забранил зборот „интелектуалец” и го забранил рибарењето. Тој го смени националното мото во „Не постои друг господ освен Мацијас Нгуема”. Тој го убил претседателот на националната банка и ги скрил сите пари од Националните резерви во неговата куќа. На божиќ 1975, тој нарачал 150 противници да бидат убиени на фудбалско игралиште. Неговото владеење со терор и безумие конечно заврши кога бил убиен од единиците „101 times”, и бил заменет со помалку луд, злобен и чуден диктатор.

4. Сапармурат Нијазов

Нијазов беше претседател на Туркеминстан од 1990 до 2006. Тој е најпознат по тоа што им дал имиња на месеците по него, неговата фамилија и неговите книги. Тој го сменил името на лебот со името на неговата мајка, изградил голем замок од Мраз во средина на Туркменистан, која е пустинска земја. Тој ја забранил шминката и златните заби. Тој барал на неговата книга да и се даде еднаков статус како куранот, и сите Туркменистански пари ја имале неговата слика. Сите вработени морале да ја знаат цела книга на памет за да ги задржат нивните работи, и не можело да земеш возачка дозвола доколку не ја знаеш на памет неговата книга. Туркменистан е еднопартиска земја без опозиција. Тој велеше, „нема опозициски партии, па како да им дадеме слобода?”

3. Франсоа Дувалие

Претседателот Франсоа „Папа Док” Дувалие бил диктатор на Хаити од 1957 до 1971. Тој еднаш имаше срцев напад и го избра Клемент Барбот, тогашен лидер на Тонтон Макутс, паравоена група, да биде претседател додека тој се опоравувал. Кога тој целосно се опоравил, го обвинил Барбот дека се обидел да му ја земе моќта. Кога Барбот се обидел да му го земе тронот, Франсоа организирал масовна потрага по Барбот. Бидејќи полицијата не го пронашла, Дувалие верувал дека тој се претворил во црно куче. Тој наредил да се убијат сите црни кучиња во Хаити. Кога Барбот подоцна беше најден и убиен, Дувалие ја зачувал неговата глава. Во 1961, тој наредил да има избори. Добил 100% од гласовите. Тој ги натерал жителите на Хаити да рецитираат молитва секој ден, која звучела вака: „Нашиот Док, кој ќе остане во националната палата доживотна, кој ќе биде величен од сегашните и идните генерации. Дај ни го овој ден во новото Хаити и не им простувај на натрапнциите и анти-патриотите кои секој ден одат против земјата”. Еднаш кажа дека тој го контролирал Ли Харви Освалд за да го убие Џ.Ф. Кенеди преку вуду. Тој конечно починал во 1971, и бил заменет од неговиот син Жан- Клод Дувалие, кој бил познат под прекарот „Бејби Док”.

2. Мобуту Сесе Секо

Мобуту Сесе Секо бил претседател на Заир, инаку денешна Демократска Република Конго. Заир всушност значи „Река“. Тој смислил закон во кој се вели дека медиумите во Заир не смеат да спомнат никој друг по име освен него. Истотака ги забранил и сите шапки дизајнирани од леопардова кожа, се разбира освен неговите. Една од неговите наредби е почетокот на пладневните вести, да мора да започнува со сцена од него т.е.  како тој се симнува од небото. Има повеќе имиња кој си ги одбрал за себе, вклучувајќи го и тоа кое во превод би значело „семоќниот боин кој заради неговата издржливост и волја да победи, ќе чекори од „битка во битка“ оставајќи оган во неговиот пресрет“. Секој кој нема Африканско име ќе оди во затвор. Моботу Секо е симнат од власт на 16-ти мај 1997, а е починат на 7-ми септември во Мороко од рак на простата.

1.    Ким Јонг

На крај дојдовме до Ким Јонг Втори од Северна Кореја. Власта ја презел по смртта на својот татко, Ким Втори- Сунг во 1988 година. Ким  секаде патува со група на преубави жени, за лично задоволство. Тој е величен како „Креатор на Универзумот“, заедно со својот татко. За него се вели дека имал надприродно раѓање. Тој тврди дека Северна Кореја е најслободната, најдемократската и најпочитуваната нација на земјата. Истотака вели дека тој го има измислено хамбургерот и дека е најдобриот голфер во историјата на спортот. Има изградено град точно на границата на Северна и Јужна Кореа. Тој се обидел да се ослободи, Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореа, кој преовладува со ниски луѓе, затоа што тој бил гневен на својата висина. Децата во школото ги учат дека тој никогаш не оди во голема нужда. И, на крај, за да го достигне нивото на лудост, тој киднапирал 2 Јужно Корејски режисери со цел да ја започне филмската индустрија на Северна Кореја. Тој ги натерал да направат римејк на Годзила. Тој тврди дека Северна Кореја е рај, каде никој никогаш не ја осетил сиромаштијата, и каде секој живее среќен живот. Реалноста е дека лушето се мачени, и скоро сите работат во колективни фарми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma