Facebook ја објави листата на 10 најпопуларни игри во 2011 година. Играта која забележа најголем успех на Facebook оваа година е „Gardens of Time” од производителот Playdom.
На официјалниот Facebook блог е објавено дека листата е направена на основа на активноста на корисниците и нивните препораки.
Интересно е тоа што производителот на игри Zynga не ја освои главната награда за Facebook игра на годината. Сепак, од 10-те игри на оваа листа, дури 4 се дело на Zynga, a тоа се CityVile, Adventure World, Words With Friends и Empires & Allies.
Eве ја листата на најпопуларни игри:
2. The Sims Social ( Electronic Arts)
4. DoubleDown Casino (DoubleDown Entertainment)
5. Indiana Jones Adventure World (Zynga)
7. Bingo Blitz (Buffalo Studios)
9. Slotomania-Slot Machines (Playtika)
Facebook исто така објави дека топ спортска игра на годината е играта TopEleven – Be a Football Manager, која ја направиja група српски програмери и дизајнери.