Некоја храна ја јадеме за да останеме живи, друга пак за да ги разбуди сите наши сетила. Дали сте гурмани или не, не е толку битно, доколку би имале можност да вкусите некоја од следниве најдбори јадења во светот, немојте да ја пропуштите.
1. Масаман кари, Тајланд – ова е најдобрата храна со зачинот кари. Зачинето, слатко, кисело, со својата комбинација на вкусови нема да ве разочара.
2. Неаполската пица, Италија – најдобра пица во светот се знае каде се прави, во Неапол. Со само неколку состојки, тесто, домати, маслиново масло и босилек, ова е најдобра пица во светот.
3. Мексиканско чоколадо – маите го пиеле, а денеска сите ние се радуваме што постои чоколадото.
4. Суши, Јапонија – една од најздравите храни во светот, сирова риба со ориз, но не е само тоа, битен е и начинот на кој јапонците сето тоа го пакуваат, неможете да останете рамнодушни, а да не пробате.
5. Пекингшка патка, Кина – на прво поглед е можеби како секоја друга приготвена патка, но тајна е во нејзината глазура од специфичен сируп на кожата на патката и бавното печење во рерна.
6. Хамбургер, Германија – ако нешто е толку вкусно што луѓето во светот трошат над 20 милијарди долари секоја година, тоа сигурно е хамбургерот, а најдобриот можете да го вкусите во Германија.
7. Пенанг асам лакса, Малезија – едно од најпознатите јадења во оваа земја, зачинета кисела риба, со чили, нане, кормид, ананас и тестенини.
8. Том јум Гоонг, Тајланд – ремек делото од храна, ракчиња, печурки, домати, лимонови листови, обично посипано со кокосово мелко и павлака, ова е најдоброто тајландско надење, а најбитно од се е што е ефтино.
9. Сладолед, САД – можеби мислите дека сте ги пробале сите вкусови на сладоледи, но кога ќе отидете во САД и ќе порачате сладолед, а тој ќе ви биде послужен со орви, мачмелоу, разни преливи ќе сфатите дека сте згрешиле.
10. Пилешки муамба, Габон – овој рецепт се прави исклучиво со путер од кикирики, вклучува пилешко, луто чили, лук, домати, пиперки.