Три холивудски убавици ќе играат во адаптацијата на еден стрип со женски тајни агенти.
„Опасни девојки“ е стрип на Џеј Кембел Хартнел, во кој се опишани авантурите на три девојки кои работат како тајни агенти.
Трите главни улоги ги добија кој друг ако не: Мила Јововиќ од „Петтиот елемент“, Кејт Бекинсејл од „Подземен свет“ и Софија Вергара од „Модерно семејство“.
Американските весници пишуваат дека филмот ќе биде мешавина од: акција од типот на „Убиј го Бил“, потоа малку авантура како во „Индијана Џонс“и на крај тимска работа како во „Невозможна мисија“. Филмот треба да го режира Тод Линколн, а снимањето започнува кон крајот на оваа година.