Трикови за брзо разубавување

29 мај, 20110
Here-comes-640x480

Научете како за кратко време да ја доведете косата во ред, која е тајната на свиленкаста кожа, што ги собира порите на лицето и како очите да ви изгедаат покрупни.

Долготрајна сенка

Брзината со која сенката ќе исчезне од капакот зависи од количината на маснотија на вашата кожа. За да се задржи сенката што подолго, натапкајте ги очните капаци со памук и нанесете малку пудра во прав, која ќе биде одлична подлога.

За поголеми очи

Нанесете сенка со посветла боја низ целиот капак, а потоа под вегите нанесете од руменилото кое го користите и за образите, овој трик помага малите очи изгледаат поголеми.

Фенирање 2 минути

Кога брзате, фенирајте ја косата во пределот наречен Т зона, која ги вклучува само деловите каде што косата се спојува со лицето и вратот. Така остатокот од костата ќе падне правилно, бидејќи се суши природно. Никако не ја врзувајте мократа коса, после симнувањето на репот фризурата ќе ви биде ужасна, па ќе мора повторно да ја миете.

Потрага по нов фризер

Секоја жена со голем страв се одлучува да ја препушти својата коса во рацете на фризер кој не го познава. Затоа кај новиот фризер прво треба да закажете само фенирање, но појавете се порано за да имате прилика да видите како работи со другите муштерики. Така ќе го препознаете неговиот стил.

Екстра волумен

Ако сакате истапирана фризура која ќе личи на оние од 60-тите години од минатиот век, потребен ви е лак за волумен, четка и фен. Не прскајте со лакот по целата должина на праменот, туку само на коренот. Со помош на четката подигнете го праменот од главата и поминете со фен.

Свилена кожа

Ако сакате мека и хидрирана кожа, забрането е туширање со врела вода. Дамите кои се чуствителни на студ, тусирањето треба да го почнат со млака вода и постепено да ја затоплуваат. Н а овој начин кожата ги затвара порите и не дозволува да дојде до поголема влажност.

Појава на пори

За проширување на порите влијаат два важни фактори, тоа се генетиката и стареењето. Оние кои имаат многу изразени пори решение е козметичар, додека сите останати може да користат маски направени од глина кои го имаат истиот ефект.

Против замор

По неколку непроспиени ноќи на лицето не треба да ставиме неколку слоеви пудра. Обидете се со тонирана крема која ќе и даде на кожата природен сјај и кремасто или бело моливче на работ од очите за да изгледаат поголеми и свежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi