Тропски рајски остров на јахта!!!

11 ноември, 20110
4

Да имаш јахта денес не е толку голема работа. Она што е важно е класата на јахтата која ја поседувате. Дури и супер луксузните јахти не се ништо ново. Ако сакате да се издвоите и да останете запаметени, мора да имате нешто поголемо и мноогу подобро.

“Yacht Island Design” претставува сосема нов концепт, кој се состои од тематски дизајнирани јахти, чија средина се пилагосува на потребите на клиентите. Овој тим веќе изработи еден проект “Улиците на Монако”, за кој пишувавме неодамна, а сега нивната најнова креација е наречена “Тропски рајски остров”, долг 90 метри кој потесетува на тропски остров и може да крстари со брзина од 15 јазли. Двата проекти се неверојатни и единствени.

На главната палуба се наоѓа плажата опкружена со бунгалови околу големиот базен  со поглед на море и вештачка планина со водопад кој се влева во базенот. Покрај тоа, јахтата има и бар, терпезарија на отворено, бања како и 4 VIP апартмани со балкон за вашите пријатели.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *