Успешните жени изневеруваат повеќе???

15 август, 20110
uspesni zeni

Новата академска студија покажува дека жените сами по себе не се ништо подобри од мажите, а разликата е само во тоа што жените до сега немале храброст или прилика да ја искористат својата моќ како средство за заведување.

Како и мажите, жените откриле дека моќта е јак афродизијак, па не се срамат да ја употребат ниту пак се чуствуваат виновни за тоа.

Успешни и богати мажи, често можат да се видат со млади и атрактивни девојки, а судејќи спрема новите истражувања, успешните жени се подготвени, исто како што мажите ја користат својата моќ да привлечат партнери.

Професор Џорис Лемерс од Универзитетот Тилбург во Холандија, кој има спроведено повеќе од  1.500 анонимни анкети со читателите од еден магазин, открил дека моќните жени често се неверни.

Резултатите од истражувањата на крајот покажуваат силна врска помеѓу моќта и изневерувањето, без оглед на полот.

“Најсилниот мотив за изневерување не се верата и моралот, туку моќта и приликата. Моќта може да го загуши гласот на моралот и зголемената склоност кон ризикот. Тој притисок на жените делува исто еднакво како и кај мажите”, вели професор Лемерс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit