Заврши 60-то јубилејно издание на изборот за Мис на светот. Шоуто се одржи во Лондон, а како најубава девојка беше прогласена венецуелката. Ова шоу вклучи девојки од 113 земји, а се уште го следат повеќе од една милијарда гледачи.
Иако, Англија, Венецуела и Индија досега се земјите кои најчесто победувале на овој избор и имаа по 5 титули, со оваа победа Венецуела е прва на листата со вкупно 6 мисици досега.
Друшто на убавата венецуелка Ivian Sarcos и правеа како втора придружничка Мис Порто Рико и прва придружничка Мис Филипини.
Избрани беа и девојки кои требаше да го поткрепат мотото „убавина со цел“, односно оние кои највеќе учествувале во хуманитрани акции, а наградата ја земаа Мис Индонезија и Мис Гана.
Мис Англија беше прогласена за Мис бикини, а Мис Казакстан за топ модел.
Наредната година ова шоу ќе се одржи во Ордос, Кина.
httpv://www.youtube.com/watch?v=-ZwYhuVT3TI