Beyonce го промовираше спотот за песната “Run The World”, во текот на шоуто “American Idol”, на само една недела откако нејзиниот колега Steven Tyler го направи истото.
Во спотот како и вообичаено, таа ги покажува своите танчерски способности, овој пат подржана од секси девојки кои игртаат во позадина облечени во градници.
Песната е посветена на сите силни жени, кои успеале да ја постигнат целта, да имаат семејство, деца, завршен факултет и кои по сето тоа пак се враќаат успешно на своите кариери.