ВИДЕО: Фотографиите од Осама се грозни

12 мај, 20110
333085-osama-bin-laden
Американскиот сенатор Џејмс Инхоф, прв ја прифатил понудата на ЦИА да ги погледне фотографиите од мртвиот Осама бин Ладен.
Вели дека се грозни, но и дека најмалку две од нив може без никаков проблем да бидат објавени во јавноста.
“Тој е. Мртов е. Го нема повеќе“, изјавил републиканецот Инхоф, член на одборот за воени прашања, кој прв ги видел фотографиите од мртвиот водач на Ал Каеда.
httpv://www.youtube.com/watch?v=AGVgmVzuP6k&feature=player_embedded
Додал дека навистина на главата на Осама има дупка од куршум, во левото око. Тој видел 15 фотографии, од кои 10 биле снимени на местото на настанот, три набродот од кој телото на Осама било погребано во морето, и три постари фотографии наменети за споредба, објавува Си-Ен-Ен, пренесува Нетрпес. Сенаторот Инхоф изјавил дека воопшто не жали што ги видел снимките, и додал дека најмалку две од нив се подобни за објавување.
Инаку, вчера, ЦИА им понуди на членовите на воените комитети и разузнувачките комитети на американскиот парламент, ако сакаат да поднесат барање и да ги видат фотографиите од операцијата за елиминирање на лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда. Инхоф прв го прифатил повикот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi