ВИДЕО: Гадафи се појави на телевизија за да докаже дека не е мртов

12 мај, 20110
1
Либискиот лидер Моамер Гадафи накратко се појавил на телевизија по неколку седмици отсуство, во текот на кои се шпекулираше дека настрадал во нападите на НАТО од 30 април, пишува “Бета“, пренесува НетПрес.
Гадафи на неколку минути е прикажан на државната телевизија, а на снимката се гледа како седи и разговара со племенските водичи.
Либискиот лидер ниту е виден, ниту се чуло нешто за него, од 30 април кога НАТО ја бомбардираше резиденцијата и командниот кварт во кој живее неговото семејство.
Во таа прилика загинале еден од неговите синови и тројца внуци, а се појавиле и гласини дека и Гадафи загинал од нападите.
За да се потврди автентичноста на појавувањето на Гадафи, камерата го зумирала датумот кој бил испишан на телевизискиот екран покрај Гадафи, и таму пишувало: среда 11 мај.
Гадафи носел големи очила за сонце и шешир и се прегрнувал со племенските лидери.
Со оглед на просторот во кој е направена снимката, се чини дека Гадафи бил во скап хотел во кој биле сместени странски новинари во Триполи.
Официјални лица на либиската влада не сакале да ја потврдат таа информација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *