ВИДЕО: Премиера на филм составен од “Јутјуб“ видеа

21 јуни, 20110
virgin_1925538c copy
Познатиот британски режисер, Ридли Скот направил интересен филм за еден ден на планетата Земја, “Животот во еден ден“, кој премиерно ќе биде прикажан на 23 јуни во киното “Колосеј“.
Како изгледа еден ден на планетата? Како би изгледал филм составен од делови од животот на луѓето од Австралија до Замбија, од центарот на светските метрополи, до најоддалечените предели на Земјата?
“Животот во еден ден“, проект кој настанал во соработка меѓу продуцентската куќа на Ридли Скот, “Free UK“ и “Јутјуб“, дава одговор на овие прашања.
Луѓето од цела планета лани, на 24 јули беа повикани да снимат видео што ќе покаже дел од нивното секојдневие, и да го постават истото на “Јутјуб“. Светот реагираше, така што беа поставени повеќе од 80.000 видеа на кои беа претставени повеќе од 4.500 часа интимни, силни видеа. Од тие снимки, оскаровецот Кевин Мекдоналд и продуцентот Ридли Скот направија исклучително, духовит и радосен деведесетминутен филм кој покажува како изгледа денес да се биде жив на планетата.
httpv://www.youtube.com/watch?v=XMxuocCN1O0&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *